НЛБ Банка за девет месеци оствари добивка од 1,5 милијарди денари

7

nlb-banka-novo-logo

НЛБ Банка, во периодот од први јануари до 30-ти септември оваа година, прикажа добивка од 1.528.534.000 денари, додека истиот период лани беше на ниво од 1.151.290.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

“Нето добивката на банката, заклучно со 30.09.2017 година, изнесува 1.528.534.000 денари е повисока за 32,8% во однос на истиот период од 2016 година“, стои во Анализата на финансиските резултати на НЛБ Банка.

Нето приходите од камата, во пресметковниот период, достигнаа 2.142.861.000 денари, што е за 5,7% повисок во споредба со истиот период од претходната година. Според анализата, приходите од камати се пониски за 1,4%, додека расходите по камати се пониски за 24,4%.

Нето приходите од провизии и надоместоци, заклучно со крајот на септември оваа година, изнесуваа 746.714.000 денари, кои што се повисоки за 8%.