Нова Љубљанска Банка (НЛБ) презеде 4,767% од акциите на српска Комерцијална банка, објави Белградска берза.
Како што е наведено во извештајот на НЛБ за преземање на акции, хартиите од вредност се купени по цена од 3.315,47 српски динари (околу 28 евра), по колку што на крајот на годината е купен и пакетот акции од државата.
Станува збор за акции на малите акционери со коишто се тргува на берза, а не беа предмет на продажба кога НЛБ купи 83,23% од државниот удел во Комерцијална банка. Со овие акции, НЛБ сега има 87,998% сопственост над српската банка.
Преку понудата отворена на 11-ти март, НЛБ планирала да купи 16,77% од акциите што се 2,82 милиони обични акции на банката.