НЛБ планира да ги преземе сите акции на српска Комерцијална банка

53

Нова Љубљанска банка (НЛБ) има намера да преземе 16,77% односно 2,82 милиони акции од белградската Комерцијална банка, се наведува во документот објавен на Белградската берза.

НЛБ веќе поседува 83,23% од акциите на банката, па ако успее најавеното преземање, ќе биде единствен сопственик на Комерцијална банка.

Во известувањето за намера за преземање се наведува дека НЛБ се обврзува да поднесе барање до Комисијата за хартии од вредност во рок од 15 работни дена за одобрување на објавата на понудата за преземање, а потоа треба да ја објави.

НЛБ го купи мнозинскиот пакет акции што сега ги поседува од државата Србија, што донесе 395 милиони евра во буџетот на земјата.