НЛБ со загуба од 294 милиони евра во првите девет месеци

15

nlbНајголемата словенечка банкарска група НЛБ, во првите девет месеци оваа година остварила 51,8 милиони евра добивка пред резервации. Поради тоа што банката во третиот квартал мораше да издвои 345 милиони евра дополнителни резервации, НЛБ Група искажа загуба од 293,5 милиони евра по оданочувањето.

Активата на банката кон крајот на септември 2013 година достигна 10,9 милијарди евра и оваа година е помала за 617 милиони евра или за 5%.

Поради реорганизација на банката и намалување на трошоците, НЛБ планира до крајот на годинава да го намали бројот на вработени за 228 на сите нивоа, вклучувајќи ги и управувачките, пишува Дело. Целта е до крајот на 2014 година да има околу 20% помалку вработени отколку на крајот на 2012 година.