НЛБ Тутунска банка со добивка од над 353 милиони денари во првото полугодие

38

nlb tutunska

НЛБ Тутунска банка АД Скопје оствари нето добивка во висина од 353.182.000 денари во првото полугодие од 2014 година, покажува неревидираниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.

Според податоците, банката во истиот период лани остварила нето добивка во вредност од 291.047.000 денари, што е за 21,3% пониска од актуелната за првите шест месеци од 2014 година.

“Во првата половина од 2014 година, нето каматните приходи се повисоки за 14,7% во однос на истиот период претходната година. Приходите од камати се зголемени за 1,9%, во најголем дел поради повисока состојба на кредити на население и помал износ на исправка на приход од камата. Расходите од камати се пониски за 13% што се должи на намалување на каматните стапки на депозити и помал износ на обврски по кредити и депозити од банки. Нето приходите од провизии се зголемени за 4,6%. Приходите од провизии се зголемени за 6,6% како резултат на зголемување на обемот на работа што резултираше со остварени повисоки приходи од домашниот и девизниот платен промет, од картичното работење, од кеш центарот и од услугите преку деловната мрежа на Банката. Расходите за провизии се повисоки за 13,5%, главно поради повисоки расходи од картично работење, од кеш центарот и домашен и девизен платен промет, при пониски расходи по провизии за обврските по кредитните линии“, стои во анализата на билансот на успех на банката.

Приходите од камата, во пресметковниот период, биле 1.645.763.000 денари, додека на расходната страна се прокнижени 647.537.000 денари.