NLB Тутунска банка со промотивна кампања за кредити за физички лица

38

fb-post111

NLB Банка објави промотивна кампања за кредити за физички лица што започна вчера и ќе трае до 31-ви мај годинава.

Во рамки на кампањата, клиентите можат да ги искористат следните промотивни поволности:

-Без трошоци за одобрување за ризико потрошувачките кредити и сребрениот потрошувачки кредит и 50% пониски трошоци за одобрување за останатите потрошувачки кредити;

-Без трошоци за одобрување и без трошоци за проценка за станбените кредити;

-Без трошоци за одобрување на автомобилските кредити и 50% пониски трошоци за одобрување за хипотекарните кредити;

Во рамки на кампањата, физичките лица може да поднесат барање за потрошувачки кредит, станбен кредит, автомобилски кредит, хипотекарен и кредит обезбеден со 100% депозит. Повеќе информации може да се најдат на веб страницата на банката.