НЛБ Тутунска со нов продукт за правните лица – дозволено пречекорување на трансакциска сметка

24

nlb tutunska

НЛБ Тутунска банка како постојан промотор и поддржувач на растот на компаниите во Македонија, со цел задоволување на нивните потреби, ја прошири понудата за правни лица со нов продукт – дозволено пречекорување на трансакциска сметка – таканаречен overdraft.

Дозволеното пречекорување им овозможува на компаниите одржување на ликвидноста и задоволување на потребата од дополнителни средства во даден момент, без потреба од дополнителни кредитни процедури.

Исто така, се овозможува и надминување на одредени сезонски флуктуации во паричните текови, како и премостување на одреден период, се до наплата на побарувањата од своите купувачи. Предноста на дозволеното пречекорување е во брзата процедура за добивање и едноставниот пристап до потребните средства.

Дозволеното пречекорување е со поволна каматна стапка која се плаќа само на искористениот износ. Отплатата се врши со секој прилив на сметката на друштвото без провизија, зависно од можностите, без потреба од стриктен план за плаќање на рати.

Дозволеното пречекорување се обновува годишно, додека износот се утврдува врз основ на просечните месечни приливи на фирмата во последната година.