Нокаут за Milka, во Германија само едно чоколадо може да има квадратна форма

411

Чоколадото Ritter Sport е единственото што во Германија може да се продава во карактеристична квадратна форма, пресуди германскиот Врховен суд, отфрлајќи ја тужбата на конкуренцијата.

Судот смета дека квадратниот облик на чоколадото Ritter Sport не е само плод на функционалност, туку и на креативен дизајн.

Со ова и официјално е отфрлена тужбата на компанијата Mondelez, којашто е производител на чоколадата Milka. Конечната пресуда стави крај на десетгодишна правна битка во којашто Milka бараше укинување на ексклузивното право на Ritter за квадратна форма на чоколадите.

“Среќни сме што е заштитена иднината на нашиот бренд, којшто го негуваме со децении“, соопштија од компанијата Alfred Ritter.

“За нас, квадратниот облик на чоколадото има иста вредност како и виолетовата боја на омотот на конкуренцијата“, додаваат од Ritter.

Ritter Sport е основан во 1912 година, а квадратниот облик е дизајниран во 1932 година, кога ко-основачката Клара Ритер одлучила дека чоколадиите мора да се вклопат во сечиј џеб, без да се скршат.

Фото: Facebook