Нордиските земји шампиони по работа од дома

53

Добро развиената дигитална инфраструктура им помогна на нордиските земји да ја надминат пандемијата подобро од поголемиот дел од Европа, бидејќи таму веќе се користи принципот на работа од далечина со иста или поголема ефикасност од работата во канцеларија.

Подобрата дигитална инфраструктура значи дека работата од дома е ефикасна, а во услови на пандемија се покажа како полн погодок.

Данска, Шведска, Финска и Холандија имаат најнапредни дигитални економии во Европска унија и тоа преку неколку важни показатели: поврзаност, човечки капитал, користење на интернет и развиена електронска трговија.

Нордиските земји, коишто се матични земји на компании како Nokia и Ericsson, биле на врвот на листата по работа од дома и пред пандемијата. Во Шведска, во текот на минатата година, барем повремено, работеле нешто помалку од една третина од работниците.

Земјите тежнеат кон тоа да се воспостави здрава рамнотежа меѓу приватниот и професионалниот живот, што само ја зајакнува потребата од работа од дома.

За време на пандемијата, околу 60% од вработените во Финска можеле да работат од дома, што, на пример, е двојно повеќе одошто во Шпанија.

Работата од дома, како тренд, ќе продолжи и понатаму, а една од причините е развиената технологија, како за заштеда на време и пари за патување.

Фото: Pexels