Норвешка наскоро ќе го добие првиот електричен и автономен товарен брод

14

yara-birkeland-vessel_910x512

Фото: Yara

Норвешкиот производител на ѓубрива, Yara заедно со групацијата за поморска технологија Kongsberg работат на создавање на првиот електричен и автономен товарен брод, јавува Reuters.

“Новиот брод со нулта емисија на штетни гасови ќе биде пресвртница за глобалниот поморски транспорт и ќе придонесува за постигнување на целите на Обединетите нации“, велат од двете компании.

На почетокот, со бродот ќе управува екипаж, од почетокот на 2019 година ќе биде делумно автономен, а веќе од 2020 година да биде целосно автоматски управуван. Се очекува на овој начин да се намали емисијата на штетни гасови за 678 тони годишно, а за напојување на бродските батерии ќе се користи електрична енергија добиена од обновливи извори.

Бродот ќе се користи за превоз на ѓубриво меѓу три пристаништа во јужниот дел на Норвешка. Планирано е на маршрутата од 65 наутички милји, бродот да пренесува околу 100 контејнери со брзина од 12 до 15 јазли.