Норвешка повлекува скоро 50 милијарди долари од државен фонд

18

Норвешка оваа година треба да повлече скоро 50 милијарди долари од државниот стабилизационен фонд за да може успешно да се справи со последиците од пандемијата.

Министерот за финансии, Јан Тор Санер предлага оваа година од фондот, во којшто се слеваат приходи од продажба на нафта и инвестира во акции, обврзници и недвижнини заради финансирање на пензиите на сите граѓани, да се повлечат 48,66 милијарди долари.

Најголем износ од основање на фондот е повлечен минатата година. Пресметките се дека оваа година ќе има структурен дефицит, којшто ги исклучува приходите од нафта, од 3,7% од вредноста на бруто домашниот производ.

Фото: Pexels