Носталгични сте по канцеларијата? Создадете си една виртуелна

73

Иако понекогаш работата во канцеларија знаеше да биде напорна, здодевна или стресна, денес е голема желба за многумина. Тоа е така бидејќи милиони луѓе ширум светот наместо да одат во канцеларија, остануваат да работат од дома за да се спречи ширење на коронавирусот.

Сепак, ако ве фаќа носталгија, тогаш можете да си создадете своја виртуелна канцеларија со помош на проектот на агенција Kids Creative – I miss the office.

Преку оваа канцеларија ќе може да се долови буката што инаку може да се доживее во просечна канцеларија. Меѓу звуците што најверојатно најмногу ви недостасуваат, се ѕвонење на телефон, гласови на колегите, шушкање на документи, куцкање на тастатура и слично. Апликацијата нуди можност да одберете и кои луѓе може да се шетаат по канцеларија за да се долови звукот на чекорење во просторот.

Звуците што произлегуваат нема да ве деконцентрираат, туку се доволни за да ве убедат дека сте во канцеларија, а не во својата соба.

Фото: I miss the office