Нов член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка

89

Oд НЛБ Банка информираат дека од страна на Народната Банка на Република Северна Македонија е издадено Решение со кое се издава претходна согласност Андреја Стражишар да биде именувана за член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје со мандат од четири години почнувајќи од 30.08.2021.

Воедно, информираат дека од страна на Народната Банка на Република Северна Македонија се издадени и Решенија со кои се издава претходна согласност на Блаж Бродњак, Борут Вујчич и Кристина Ковачич Бјелајац да бидат повторно именувани за членови на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје со нов мандат од четири години.