Нов ден, нов рекорд на биткоинот

20

Дигиталната валута биткоин достигна ново рекордно ниво од 52.757 долари. Најпопуларната криптовалута во светот соборува свои рекорди веќе неколку недели, а пред три дена ја надмина границата од 50.000 долари.

Растот на неговата вредност беше стимулиран од голема инвестиција од производителот на електрични автомобили Tesla, кој купи биткоини во вредност од 1,5 милијарди долари.

Од JPMorgan неодамна порачаа дека сериозно размислуваат за инвестирање во овој вид на средства, а интерес покажа и Goldman Sachs, но и Morgan Stanley наводно размислува за додавање на биткоини во својата актива.

Експертите очекуваат зголемување на инвестиции во биткоини и инцијативи за водење на blockchain.

Фото: Pixabay