Нов град “никнува“ во Саудиска Арабија

165

Властите на Саудиска Арабија планираат во скоро време да изградат спортски град којшто би бил домаќин на големи спортски настани.

Во плановите на државата до 2030 година стои изградба на град на брегот на Црвеното море и би се викал Неом, а за почеток на градењето планирано е да се издвојат 470 милијарди евра.

Неом би бил град каде би владееле “западните закони“, каде посетителите би можеле да консумираат алкохол, а жените би имале повеќе права во оваа конзервативна земја. Ова ќе им помогне полесно да добиваат организација на големи спортски настани. Саудиските власти регрутираа бројни експерти од областа на јавни настапи во изминативе две години.

Се верува дека градот би бил “држава за себе“, каде би владееле други значително полиберални закони.

Планот е првата фаза од изградбата на Неом да биде готова во 2025 година.

Фото: Pexels