Нов изглед на банкнотите од 100 и 200 евра

355

Новите банкноти од 100 и 200 евра, коишто ќе влезат во оптек од мај следната година, ќе бидат помали од досегашните и ќе имаат нови безбедносни карактеристики, велат од Европската централна банка (ECB).

Двете банкноти се последни од серијата на евра, а вклучуваат лик од грчката митологија, пренесува BBC. Според ECB ќе треба да се адаптираат повеќе од милион машини за изработка на пари, пред новите банкноти да бидат пуштени во употреба на 28 мај, во 19-те земји каде се употребува валутата.

Банкнотите од 100 и 200 евра се отпечатени на хартија од чист памук и не содржат трагови од животински производи. На задниот дел се наоѓа ажурирана мапа на Европа, вклучувајќи ги Малта и Кипар коишто се приклучија на Европската Унија откако беше пуштена првата серија на евро банкнотите.

Бројката на евро банкноти коишто циркулираат од 2002 па наваму тројно се зголемила и изнесува 21 милијарда, додека вредноста на банкнотите достигна речиси 1,2 илјади милијарди евра.