Нов квартален состанок со компаниите од Клубот БУМ

21

Во вторникот во просториите на PWC Северна Македонија, се одржа работен состанок со компаниите, членки на Клубот БУМ (Берзата и Успешните во Македонија). На состанокот покрај постојните членки на Клубот БУМ присуствуваа и компании кои изразија интерес за членство во овој Клуб.

Во рамките на оваа средба, пред членките на Клубот, специјална презентација имаше Иво Ивановски, Главен извршен директор на EuroTeleSites AG Vienna, компанија која во 2023 година се котираше на Виенска берза. Присутните имаа можност да се запознаат со спецификите на самата компанија, процесот на излегување на Берза, придобивките од самата котација и развојните планови на компанијата.

Покрај специјалната презентација, на средбата од страна на експертите од PWC, беше презентирана и разработена темата за пазарот на капитал и решавање на предизвиците со наследување и успешен пренос на бизнисот на новите генерации.

Во БУМ Клубот членуваат дваесетина компании од различни бизнис сектори, а Клубот официјално започна со работа во октомври 2023 година. Целта на неговото формирање е стратешка поддршка на домашните компании за нивен одржлив раст на долг рок, обезбедување на специфичен know-how и комуникација со останати компании, организаторите и партнерите на клубот, како и со избрани релевантни регионални субјекти. Клубот примарно настојува да помогне во поврзувањето на инвеститорите и компаниите – членки на Клубот, со акцент на финансирање на бизнисите преку пазарот на капитал.
Состаноците на клубот се организираат квартално.

Компаниите кои сакаат да станат членки на овој Клуб може да поднесат апликација за членство во Клубот. Апликацијата е достапна на следниот линкhttps://bum.mse.mk/