Нов мораториум на обврските за отплата на кредити во Србија

47

Извршниот одбор на Народна банка на Србија на вонредна седница ги усвои прописите коишто им овозможува на должниците да ги одложат обврските по основ на кредити, кредитни производи и лизинг, пишува Танјуг.

Должниците ќе може да ја одложат исплатата на ратите за кредит што доспеваат во период од први август заклучно со 30-ти септември оваа година. Исто така, се овозможува и застој на отплата на обврските што доспеале во јули оваа година, а должникот не ги подмирил.

Одлуката за нов мораториум во Србија стапува на сила денеска.

Инаку, мораториумот се применува на обврски по основ на кредити и кредитни производи во банките, како што се дозволен минус и кредитна картичка, како и други банкарски производи или банкарски гаранции. Мораториумот нема да се применува на обврски за услуги во платниот промет, како што е провизија за извршени трансакции, надоместок за одржување на сметките, како и на инвестициони, брокерско – дилерски услуги, сефови и слично.

За време на мораториумот, банката не ја пресметува редовната (договорена) камата на обврските што доспеваат во текот на неговото времетраење. Банката пресметува редовна камата на недоспеаниот долг, а износот на редовната камата одговора на износот на каматата што е во планот на отплата што важел пред да стапи на сила одлуката за мораториум.

Слична ваква мерка беше воведена и во нашата земја, како одговор на кризата што ја предизвика пандемијата на коронавирусот.

Фото: Freepik