Нов потрошувачки кредит од Халкбанк со 5% фиксна каматна стапка за првите три години

40

Потрошувачки кредит со намалена каматна стапка од само 5% фиксна за првите три години и со пакет полиса за осигурување од Халк Осигурување е новиот производ на Халкбанк со којшто банката излегува во пресрет на граѓаните во новонастанатата состојба.

Максималниот износ на кредитот е 1.500.000 денари, а рокот на враќање е до 10 години. За остатокот од рокот за отплата се пресметува 5,5% варијабилна каматна стапка (референтната стапка за пресметување на стапката на законската казнена камата, којашто во моментот на склучување договор изнесува 1,5% зголемена за 4 процентни поени).

Кај овој производ, провизијата за обработка на кредитот е 0%, а провизија не е предвидена ниту за предвремена отплата на кредитот. Единствен трошок се 150 денари за апликација за кредитот и 350 денари за проверка во Кредитно биро кои се наплаќаат само за одобрен кредит и тоа пред исплата на одобрените средства.

Годишната стапка на вкупни трошоци (СВТ) којашто зависи од износот на кредитот, рокот за негово враќање, износот на трошоците, висината на договорната каматна стапка и висината на полисата, кај кредит од 600.000 денари, рок на отплата 120 месеци и каматна стапка 5% фиксна за првите три години, односно 5,5% променлива за остатокот на периодот е 5,38% (во пресметката не е вклучена  полисата за осигурување).

Новиот потрошувачки кредит како целина вклучува и пакет полиса за осигурување од Халк Осигурување АД Скопје наменета за осигурување на потрошувачки кредити, а ги содржи следните покритија и опфатени ризици:

Неможност за враќање на кредити – смрт од било која причина, смрт од незгода.

Осигурување од незгода – траен инвалидитет над 30%.

Новиот потрошувачки кредит на Халкбанк е ненаменски и може да се користи за најразлични потреби, како и за рефинансирање постојни кредити во други банки. Токму затоа, “за сè што ви е важно“ тука е Халкбанк.