Нов проект на Бил Гејтс: Инвестира 15 милијарди долари, локации – САД и Европа

129

Breakthrough Energy Catalyst (BEC), јавно-приватен фонд поддржан од Бил Гејтс, планира да инвестира 15 милијарди долари во чисти технологии.

BEC,основана од Гејтс во 2015 година, досега има собрано повеќе од милијарда и пол долари од бизниси и добротворни организации. Но, Џон Голдман, директор на BEC, за Фајненшл тајмс изјави дека фондот планира да инвестира десет пати поголема сума, односно 15 милијарди долари.

Фондот првично ќе се фокусира на финансирање проекти за директно зафаќање на емисиите на јаглерод диоксид, зелен водород, долгорочно складирање енергија и одржливо воздухопловно гориво.

Во септември BEC објави дека обезбедил инвестиции од Microsoft, Blackrock, General Motors, American Airlines, Boston Consulting Group, Bank of America и Arcelor Mittal, потсетува CNBC. Тој, исто така, доби поддршка од Министерството за енергетика на САД и извршното тело на ЕУ на Европската комисија.