Нов производ од Ikea – ќофте од растителни протеини

13

Шведската компанија за мебел Ikea подготвува нов производ за своите клиенти. Станува збор за ќофте направено од растителни протени, коешто ќе има изглед и вкус како препознатливиот шведски рецепт.

Ikea планира да ги продава растителните ќофтиња во сите свои ресторани на глобално ниво.

Компанијата моментално го тестира новиот производ и развива прототипови со различни потенцијални партнери. Мини закуските ќе бидат достапни за дегустација во неколку одбрани продавници во февруари следната година.

Тие ќе се приклучат во низата на ќофтиња коишто Ikea веќе ги служи во своите продажни места – лосос ќофте, класично, пилешко, веге и ќофте од бакалар.

Фото: Ikea