Нов седми циклус на Виртуелна берза

76

Новиот циклус на Виртуелната берза започнува од денеска и истиот ќе трае до 30-ти јуни следната година.

Учесниците во Виртуелната берза ќе имаат можност да ги испробаат своите вештини во виртуелното тргување со хартии од вредност и да стекнат практично искуство од вложување во акции што се тргуваат на Македонската берза.

Виртуелната берза е замислена како игра на знаење во која целта е остварување на што поголема вредност на портфолиото што се креира со купување и продажба на акциите што котираат на Македонската берза со виртуелни пари доделени со самата регистрација.

Повеќе детали за правилата за играта, условите за користење, како и наградите што ќе се доделуваат на најуспешните корисници во Виртуелната берза можат да се најдат на следниот линк: http://virtuelna.mse.mk/.

Регистрација за учество во играта може директно да се направи преку линкот: http://virtuelna.mse.mk/registration.

Фото: Pixabay