Нов сервис на Берзата – Податоци за инвестициски фондови

33

Берзата изработи сервис за податоците за вредноста на уделите и приносите на отворените инвестициски фондови што се објавуваат на нејзината веб страна, каде што со класичен http request може да се пристапи до структуирани податоци за инвестициските фондови во JSON или XML формат.

Податоците од овој нов сервис на Берзата се достапни без надомест.

За да се добиваат податоци од продуктот потребно е најнапред да се пополни формуларот за регистрација кој може да се најде на следниов линк:

https://feeds.mse.mk/

По извршената регистрацијата се добива електронска порака насловена „MSE DATA FEEDS” во која е содржан линк за потврда на направената регистрација. По конфирмацијата на регистрацијата, повторно се добива електронска порака во кој ќе биде наведен и токенот за пристап до податоците. Исто така, во оваа порака е содржан и линк до деталната техничка спецификација на сервисот.

За повеќе прашања во врска со користењето на овој сервис на Берзата на следнава е-маил адреса: mse@mse.org.mk