Нов стан во Загреб по цена од 1.900 евра за квадрат

82

Просечната цена на метар квадратен нов стан во Загреб се врати на ниво од 2008-ма и првата половина од 2009 година и за првпат надмина износ од 1.859 евра (14.000 куни). Поточно, квадрат стан во првата половина од 2020 година се продава за просечни 1.897 евра. Тоа е околу 133 евра во споредба со истиот период лани или за повеќе од 530 евра повеќе во однос на 2016 година, пишува Вечерњи лист.

За една година, новите станови во Загреб поскапеа за 15%, за разлика од останатиот дел од Хрватска, којшто го вклучува и Јадранот, каде што цените на годишно ниво се намалија за околу 4% на просечни 1.495 евра за квадрат.

“Загреб е баран бидејќи на купувањето недвижнини сè уште се гледа како на добра инвестиција, посебно затоа што каматите на штедните влогови се занемарливи. На големиот пораст на цените на нови станови Загреб големо влијание има и државната програма за субвенционирани камати, бидејќи најголем дел од корисниците на субвенциите живеат и работат во главниот град“, вели Дубравко Раниловиќ, претставник на бизнисот со недвижнини во Хрватска.

Фото: Freepik