Нова атракција во Скопје – отворен Escape Room, The cube

160

untitled-design-69

Како и сите светски метрополи, така и Скопје си доби ново место каде сите луѓе, особено младата популација, ќе имаат можност да се забавуваат и уживаат во мистериите на коцката, стои во соопштението.

Во четвртокот (20.07.2017) официјално се отвори новата атракција Escape Room – The Cube. Собите со загатки од кои треба да избегате се огромен тренд насекаде низ светот. Вистинските љубители на ваков тип на забава во текот на нивното патување, каде и да се наоѓаат, постојано сакаат да се соочат со нови предизвици, па затоа The Cube ќе биде вистинска атракција за сите оние кои ќе го посетат Скопје.
The Cube е место за сите адреналинџии, урбани гикови, логичари и љубители на мистериозните и авантуристички филмови, а ако една од овие карактеристики ве опишува вас, тогаш ова е вистинското место кое ќе сакате да го посетите.

Првата соба, од која на самиот ден на отворањето се потрудија да излезат голем број на луѓе, е инспирирана од хорор филмот Пила (Saw). Собата е автентична, со многу предизвици, загатки, скриени предмети и стари приказни, а вие и вашите пријатели сте заклучени и имате точно 60 минути да го решите предизвикот и да пробате да избегате.

The Cube наскоро најавуваат отворање на нова соба која е инспирирана од еден од најинтересните авантуристични филмови, каде богатството е пресудно за среќен крај. Резервирајте термин на: www.thecube.mk.