Нова чартер линија Истанбул – Охрид – Истанбул од 15-ти април до октомври

39

ohridski-aerodrom

Нова чартер линија Истанбул – Охрид – Истанбул се воведува од 15-ти април годинава и ќе биде активна до октомври, јавува Миа.

Ова е договорено меѓу македонската компанија БТБ Тур и турската Татил Будур на туристичката берза ЕМИТТ во Истанбул, Турција, а аранжманите се веќе во продажба.

На берзата, пред 700 учесници од 80 земји и посетеност од над 50.000 луѓе, Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот (АППТ) го претстави туристичкиот потенцијал на Македонија и ја доби наградата за најдобро организиран штанд. Наградата ја додели директорот на саемот, Хаџер Ајдин.

Тимот на АППТ оствари состаноци со тур – оператори од Турција, САД, Индија, Кина и Виетнам, додека турски тур – оператори кои досега ја немаа вклучено Македонија во својата понуда, покажаа интерес тоа да го сторат веднаш.

Glorious DMC, Acenzi Travel, Sinope Tours, Aleria Travel&Leisure, Mahima Tours, BekTravel, Perfect Teavel, Amari tour се само дел од оние кои иницираа состанок за да дознаат повеќе за Македонија, но и да дознаат за можностите кои им ги нудиме како дестинација кои би довеле до соработка.