Нова го организира 12-от по ред хуманитарен базар

31
Меѓународното училиште Нова во сабота (21 април) го организира 12-то издание на хуманитарниот семеен базар. Собраните средства ќе бидат донирани за Клиниката за педијатриска хематологија и онкологија при Универзитетската детска клиника.
Настанот почнува во 11 и ќе трае до 15 часот, а ќе може да се вкусат специјалитети од различни земји, да се купат книги и ракотворби од различни уметници. Дополнително, присутните ќе погледнат и голем број танцови и музички точки и ќе биде организирана лотарија со вредни награди.
На хуманитарниот базар ќе присуствуваат и голем број амбасадори чии деца се школуваат во училиштето и дел од нив ќе бидат задолжени за подготовка и продажба на храната од земјата каде потекнуваат.