Nova pod: Соларен co – working простор на тркала

32

Фото: Facebook

Nova pod е мобилна канцеларија во сопственост на co – working просторот Work & Co од Кејп Таун, пишува Dezeen.

Станува збор за канцеларија што може да се движи на различни локации во градот и претставува иновација кога се работи за простории надвор од класичните канцеларии.

Овој мобилен простор има комплетна опрема што е неопходна за извршување на секојдневните обврски на оние кои го споделуваат просторот. Nova pod има wi – fi врска, паметен телевизор, бела табла, машина за кафе, мини – фрижидер, станица за полнење, тоалет и вода за пиење. Со еден збор, оваа канцеларија може да понуди простор за работа на неколку дигитални “номади“ во исто време.

За сите функции, Nova pod користи сончева енергија, од каде што се напојуваат сите апарати и уреди.