Новак Ѓоковиќ и српски пулмолог ќе прават апарат на Тесла од 1906

320

Српскиот пулмолог Бранимир Несторовиќ за телевизијата B92, изјави дека се слушнал со тенисерот, Новак Ѓоковиќ и дека со него ќе работат на апарат кој славниот Никола Тесла го патентирал во 1906 година.

“Се слушнав со Новак, тој е гениј! Ме праша што може да донира. Откако ќе помине оваа ситуација ќе слушнете за домашниот апарат на база на калемот на Никола Тесла (високонапонски генератор – Теслин калем). Се собра група на необични луѓе и инженери, а Новак се понуди да го исфинансира тоа и да го подари на сите болници“, вели Несторовиќ.

Овој апарат ќе се користи во спортска медицина.

Докторот исто така открива дека го лечел Ѓоковиќ кога тој имал 11 години и дека и тогаш знаел дека тој ќе биде голем тенисер.

Фото: Facebook