Новата Буба Карман кабриолет веќе може да се нарача

47

1

Volkswagen започна со производство на новата специјална едиција Буба кабриолет Карман. Кабриолетот има елегантен дизајн и многу опрема и истиот може да се нарача во салоните на Volkswagen.

Автомобилот Буба Карман кабриолет ја имаше својата светска премиера на меѓународниот автомобилски саем во Лајпциг (AMI), каде што импресионираше со својот елегантен изглед. Однадвор новиот кабриолет е препознатлив по својот електричен покрив во Sioux кафеава боја. Кај моделот можат да се комбинираат  вкупно седум надворешни бои. 18 инчните тркала обоени се во галванско сива боја исто како и капаците на ретровизорите. На праговите на автомобилот се истакнува логото Karmann кое укажува на ексклузивната специјална едиција.
Буба Карман кабриолет поседува Дизајн ниво на опрема. Во внатрешностасе истакнуваат спортските седишта обложени со Alcantara кожа, а страничните делови на седиштата се обложени во Sioux кафена боја. Покрај тоа, контролната табла со карактеристичната буба преграда има сребрена мат боја исто како и педалите на возилото. Потпирачите за глава, управувачот, рачката на менувачотирачната сопирачка исто така се обложени со кожа со сивидекоративни штепови. Целокупниот пакет е дополнет со дефлектор за ветар и систем за автоматско паркирање. Специјалното издание на Буба кабриолет може да се нарача со сите можни варијанти на мотори именувачи.

2