Нови 100 милиони евра за финансирање на малите и средни претпријатија

28

evra-486x272 Владата на Република Македонија обезбеди 100 милиони евра од Европската инвестициона банка за поддршка и развој на малите и средните претпијатија.
Адријан Џеладини, заменик-министерот за финасисии, на денешната собраниска комисија за финансирање на буџет, истакна дека оваа четврта кредитна линија која ја зема Владата е за да се продолжи поддршката на приватниот сектор, да се зголеми нивната ликвидност, да се отворат нови работни места и да се подобри извозот. Средствата кои ќе ги добие Македонската банка за поддршка на развојот ќе се пласираат до крајните корисници по истите услови како за претходните три. Каматната стапка ќе биде 5,5%, со рок на отплата од осум години за основните средства и греј период од две години и за обртни средства рок на исплата од три години и шест месеци греј период.
Со претходните три креднитни линии, посочи Џеладини, се поддржани повеќе од 1.000 проекти во 20 општини.