Нови 15,5 милиони евра од ЕИБ за 66 македонски компании

23

evra

Вкупно 66 компании ќе можат да ги користат првите 15,5 милиони евра од четвртата кредитна линија на Европската инвестициона банка (ЕИБ), преку Македонската банка за поддршка на развојот, што се очекува да пристигнат во втората половина на овој месец.

Станува збор за првата транша од кредитната линија вредна 100 милиони евра со каматна стапка од 5,5%.

“Македонија досега повлече три вакви кредити за време на светската глобална криза и европската должничка криза во вредност од 250 милиони евра и со нив се отворија голем број работни места“, рече денеска премиерот Никола Груевски.

Кредитната линија е наменета за мали и средни претпријатија кои сакаат да инвестираат во опрема или во обвртни средства. Рокот на враќање за набавка на опрема е осум години со грејс период од една година, а за обртни средства три години со грејс период од шест месеци.

До крајот на годината се очекува да бидат повлечени 40 милиони евра преку кредити, а следната година преостанатите 60 милиони евра.