Нови 21 милион евра од ИПА за Македонија и Бугарија

20

Невладиниот сектор, општините од источниот регион, универзитетот, информативните центри во Штип се информираа за стартот на ИПА програмата за прекугранична соработка 2014-2020. Координаторот на заедничкиот технички секретаријат на Македонија и Бугарија, Николај Дачев информираше дека преку средбите сакаат да ги утврдат приоритетите, но и да го слушнат мислењето на сите кои досега учествувале или сакаат да учествуваат во проектите за кои пари се добива преку фондовите ан Европската унија.
“Парите ќе бидат отприлика како и од претходната програма, односно околу 21 милион евра”, вели Дачев.
Тој додава дека од повиците од програмата 2007-2013 година досега се искористени над 7 милиони евра, но овие пари ќе се зголемуваат во текот на наредните месеци, бидејќи во тек е реализацијата на проектите од вториот и третиот повик. Најмногу инфраструктурни проекти бараат општините, а невладините конкурираат за меките проекти. По средбите ќе се одлучи на кои четири сфери ќе им се даде приоритет за наредната програма.