Нови авиолинии од Скопје до Берлин, Копенхаген и Братислава преку Wizz Air

59

wizzair

ТАВ Македонија и компанијата Wizz Air денеска ќе ги промовираат трите нови авиолинии од Скопје до Берлин, Копенхаген и Братислава, пишува Миа.

Авионите на Wizz Air до овие три европски градови ќе сообраќаат два пати во неделата.

Авиокомпанијата опслужува нискобуџетни линии до 24 дестинации од скопскиот и од охридскиот аеродром што е поврзување со 11 држави.

Wizz Air првиот лет од Скопје го реализираше во јуни 2011 година, во октомври 2012 воспостави база во Скопје, а сега функционира со три воздухоплови и 84 вработени со седиште во главниот град. Од јуни лани почна со летови и од охридскиот аеродром.