Нови цени на горивата

57

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 остануваат непроменети.

Така цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 66,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 останува на 68,50 ден/лит.

Цената на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за
домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит. и со тоа малопродажната цена на дизелот ќе изнесува 60,50 ден/лит, додека Екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава по 50,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,711 ден/кг и ќе изнесува 31,650 ден/кг.