Нови дестинации и нов авион го забрзуваат растот на flydubai

20

Авиокомпанијата flydubai, со база во Дубаи, продолжува со експанзијата на нејзината мрежа во Централна и Источна Европа, со додавање на Сараево во Босна и Херцеговина и Загреб во Хрватска.

Овие две нови дестинации, кои ќе станат оперативни од декември оваа година, го зголемија бројот на дестинации кои превозникот ги опслужува во Централна и Источна Европа и во Заедницата на Независни Држави на вкупно 26. Авиокомпанијата тогаш ќе опслужува вкупно 75 дестинации во рамките на петипол часовен радиус од Дубаи.

Со цел да го поддржи континуираниот раст на својата мрежа и да додаде поголема фрекфентност на веќе постоечките дестинации, flydubai во јули ќе ја преземе нарачката на три авиони од типот Боинг 737 – 800, со што ќе ја зголеми својата флота на 39 авиони. Авиопревозникот дополнително ќе добие уште четири нови авиони до крајот на 2014 година.

“Остануваме фокусирани на отворање на пазари кои се недоволно опслужувани и засилување на воздушните линии од авијацискиот центар на Дубаи кон регионот. Новите летови кон Босна и Херцеговина и Хрватска претставуваат нови можности за патување, трговија и туризам за патниците од двете земји, како и од Обединетите Арапски Емирати”, вели главниот извршен директор на flydubai, Гаит Ал Гаит.

flydubai ќе биде првиот авиопревозник кој ќе оперира со директни летови од Дубаи до Сараево и Загреб. Авиокомпанијата е исто така првиот авиопревозник со база во Дубаи кој ќе лета за Алмати и Шимкент во Казахстан, а летовите кон овие дестинации ќе започнат во септември. Дополнително, Бизнис класата ќе биде достапна на сите четири дестинации, овозможувајќи им на патниците дополнителна удобност и комфор додека патуваат.

”Казахстан е растечка економија со голем број на можности за инвестирање и возбудливи туристички атракции, додека Босна и Херцеговина и Хрватска имаат изобилство од природни убавини и култура за откривање. Ни претставува задоволство да обезбедиме директна авиоврска до овие дестинации”, изјави Џејхун Ефенди, Сениор заменик комерцијален претседател (OАЕ, ЕУ, МЕ, ЦИС) на flydubai.

Авиопревозникот ја има најсеопфатната мрежа од сите авиокомпании на Средниот Исток до регионите на Централна и Источна Европа и на Заедницата на Независни Држави и има развиено мрежа од: девет дестинации во Русија, три во Украина, две во Казахстан, како и летови кон Ашгабат, Баку, Белград, Бишкек, Букурешт, Чисинау, Душанбе, Сараево, Скопје, Тбилиси, Ереван и Загреб.