Нови инфраструктурни проекти во Југозападниот плански регион

23

Германското друштво за меѓународна соработка и Швајцарската агенција за развој и соработка ќе финансираат неколку регионални инфраструктурни проекти од голема важност за Југозападниот плански регион.
Станува збор за основен проект за изградба на пречистителна станица во населбата Трпејца, основен проект за колекторски систем на потегот од Радожда до Калишта, пречистителна станица во Центар Жупа, како и изработка на анализа за полезност од изградба на систем за одведување на отпадни води во Кичево.
Потпишувањето на договорите со Германското друштво за меѓународна соработка и Швајцарската агенција за развој и соработка е предвидено за утре во Охрид.
Југозападниот плански регион го сочинуваат девет општини: Вевчани, Дебар, Дебарца, Центар Жупа, Струга, Кичево, Охрид, Пласница и Македонски Брод.