Нови најповолни услови на пазарот за брзи потрошувачки и наменски кредити од ИутеКредит

0

Согласно новиот закон за Закон за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити кој стапува на сила денеска, 08.04.2019, ИутеКредит Македонија соодветно ги прилагоди условите за потрошувачките и наменските кредити за физички лица во својата понуда.

Новиот закон предвидува ограничување на годишната стапка на вкупни трошоци за подигнат кредит, односно вкупниот износ што барателот на кредит го враќапри истекот на периодот на отплата.

Со ваквата регулација отсега барателите на кредит во ИутеКредит ќе можат да уживаат значително поповолни услови без високи административни трошоци, трошоци за одобрување или било какви други скриени трошоци.

“Остануваме да бидеме број 1 на пазарот вокреирање исклучително корисничко искуство за потрошувачки и наменски кредити за физички лица од 18 до 70 годишна возраст. Кај нас клиентите ја добиваат целосната сума за кредит за која што аплицираат со транспарентен приказ на условите за кредит, без скриени трошоци. Воедно, ги советуваме сите заинтересирани кои имаат потребаод брз пристап до финансиски средства да бидат внимателни при својот избор на кредитодавател имајќи ја во предвид останатата понуда на пазарот и промените кои ги налага новиот Закон за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити“, изјавуваат од ИутеКредит.

Можност за рефинансирањена тековни финансиски задолжувања

Една од главните придобивки за сите потенцијални и постоечки клиенти на ИутеКредит со новите услови е можноста која се отвара за најповолно рефинансирање на кредити кои се земени од други финансиски институции, решавање на останати финансиски задолжувања како и пристап до финансиски средства кои се најчесто потребни за покривање трошоци за итни здравствени или образовни потреби,потреби за домаќинство или за плаќање долгови за комунални сметки.

Едноставно аплицирање само со лична карта

Клиентите на ИутеКредит имаат можност да аплицираат брзо, онлајн, само со податоци од лична карта, а одобрувањето е веднаш. За кредит може да се аплицира и директно во експозитурите на ИутеКредит во Скопје (кај Соборен Храм), Куманово и Тетово во ценаторт на градот.

Прв бесплатен кредит до 20.000 денари со 0% трошоци

Во ИутеКредит првиот кредит до 20.000 денари е бесплатен. Тоа значи дека за сума до 20.000 денари и период на отплата до 30 дена корисникот има 0% камата и и 0% административни трошоци, односносумата на кредитот ја враќа во истиот износ.

Потрошувачки кеш кредити до 150.000 денари

Во останатата понуда на кеш кредити, ИутеКредит за сите нови клиенти одобрува до 30.000 денари на 10 месеци и 7% каматна стапка, а за сите постоечки клиенти со позитивна кредитна историја во ИутеКредит одобрува и кредити до 150.000 денари со 4% каматна стапка.

Наменски кредити со можност за купување на рати до 120.000 денари

Покрај потрошувачки кеш кредити за разни намени, клиентите на ИутеКредит можат да земат кредит и за купување конкретни прозводи или услуги до 120.000 денари. За наменски кредит корисниците можат да аплицираат директно во продажните места на сите ИутеКредит партнери, како би можеле да го купат посакуваниот производ или услуга само со лична карта и да го отплаќаат на 24 ратисо каматна стапка 5%.

Автомобилски кредит до 1.000.000 денари без учество

За сите оние кои се заинтересирани за инвестирање во автомобил, ИутеКредит нуди инстант автомобилски кредит за користени возила до 1.000.000 денари. За одобрување на кредитит не е потребно учество, не е потребно задолжително каско осигурување и нема услови за лизинг. Заинтерисираните можат да направат калкулација и да аплицираат онлајн на www.iutecredit.mk/car-loan/.

Уверете се во најповолните услови за онлајн кредит

Направете ја калкулација за посакуваната сума за кредит на ИутеКредит онлајн калкулаторот и аплицирајте на www.iutecredit.mk.