Новите пакети на Охридска банка Сосиете Женерал овозможуваат со само еден надомест, клиентите да ги добијат по намалени провизии најповолните банкарски производи и услуги во шест различни пакети, соопштуваат од банката.
Она што е заедничко за сите пакети и ги прави уникатни на пазарот е бесплатно користење во првите два месеци и можноста за две бесплатни повлекувања на готовина од банкомати на други банки во земјава, што значи дека сите банкомати во Македонија се на располагање за подигање готовина.
Пакетите Старт, Смарт, Супериор, Премиум, Респект и Кул се создадени според потребите на постоечките и новите клиенти на Банката. Секој пакет поединечно се однесува на конкретна целна група, во себе содржи различни производи и бенефиции, а со тоа и дава можност секој клиент да го одбере пакетот којшто најмногу му одговара.
“Ги спакувавме најповолните банкарски производи и услуги во шест различни пакети, креирани според специфичните и различни потреби на нашите клиенти, со цел да им го олесниме секојдневното банкарско работење, а и да им понудиме повеќе придобивки на едно место, за само еден надомест. Па така, со користење на еден од шесте пакети за физички лица, клиентите наместо да плаќаат повеќе одделни провизии за секој производ, со отворање на пакет ќе плаќаат само една збирна и значително пониска провизија, во однос на редовната цена на производите во пакетот. Можноста за бесплатни повлекувања на готовина од банкомати од други банки во земјата, како можноста за користење на пакетите бесплатно во првите два месеци е револуционерна на македонскиот пазар и сигурни сме дека ќе биде од огромно значење за сите наши постоечки и нови клиенти, од аспект на заштеда на време и заштеда на средства“, изјави Елена Глигоровска, раководител на дирекција за корисничко искуство, маркетинг и комуникации.