Нови рекорди на Wall Street

41

На Wall Street во понеделникот, берзанските индекси достигнаа нови рекордни нивоа, бидејќи серијата охрабрувачки макроекономски показатели го зголемија оптимизмот за закрепнување на американската економија од корона кризата.

Dow Jones  зајакна 373 поени или 1,13% на 33.527 поени, додека S&P 500 скокна 1,44 %, на 4.077 поени, а индексот Nasdaq 1,67 %, на 13.705 поени.

Новите највисоки индекси на Dow Jones и S&P500 се благодарение на очекувањата дека огромниот фискален и монетарн стимул ќе го забрза закрепнувањето на најголемата светска економија од корона кризата.

Овие очекувања се поддржани од добри макроекономски показатели. Така, во петокот беше објавено дека бројот на вработени во САД се зголеми за 916.000 во март, скоро двојно повеќе од еден месец претходно и значително повеќе отколку што очекуваа аналитичарите.

Фото: Facebook