Новини во измени и дополнувања на законот за данок на личен доход

34

Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека во насока на поддршка на развојот на човечкиот капитал како и зголемување на продуктивноста и здравствената заштита на вработените.

Од седми декември 2020 година, данок на личен доход не се плаќа за:

  • за платени лабораториски тестови за COVID-19 за вработени лица во износ до 9.000 денари на годишно ниво по вработен со примена од 07 декемри 2020 година.
  • ваучер на активен спортист издаден од Агенцијата за млади и спорт, согласно со Законот за спортот.

Почнувајќи од први јануари 2021 година, данок на личен доход нема да се плаќа и на следните надоместоци:

  • надоместоци на трошоци за обуки и доквалификација (стекнување сертификати, лиценци и сл.) на вработени лица, поврзани со нивното работно место, под услов истите да продолжат со работа кај истиот работодавач, во временски период утврден со договор
  • уплатенa премиja за доброволно здравствено осигурување за една календарска година, за вработени лица и за обврзник кој остварува доход од самостојна дејност, во висина од една просечна месечна бруто-плата во Република Северна Македонија, објавена во јануари во тековната година според податоците од Државниот завод за статистика
  • даден репроматеријал без надоместок (семенски материјал и производи за заштита на растенија во расадопроизводство), согласно закон

Кај обврзниците кои остваруваат доход од самостојна дејност, признавање на трошоците при составување на Годишниот даночниот биланс за 2021 година (образец ДЛД-ДБ) за:

  • репрезентација во висина од 10%
  • уплатенa премиja за доброволно здравствено осигурување за една календарска година, за вработени лица и за обврзник кој остварува доход од самостојна дејност, во висина од една просечна месечна бруто-плата во Република Северна Македонија, објавена во јануари во тековната година според податоците од Државниот завод за статистика;
  • платени лабораториски тестови за COVID-19 за вработени лица и за обврзник кој остварува доход од самостојна дејност во износ до 9.000 денари 9.000 на годишно ниво по вработен.

Фото: Freepik