Новиот Focus RS ќе дебитира до година и доаѓа со необични решенија

31

Новиот Focus RS влегува во финалната фаза од развојот, а паралелно започнаа да се појавуваат и првите детали од овој исклучително посакуван автомобил. Focus е исклучително популарен во Европа, Ford продава по еден ваков модел на секои 135 секунди, а кај љубителите на возилата со високи перформанси мошне барана е и перјаницата RS.

Според информациите кои ги пренесуваат некои од светските медиуми, новиот Focus RS би можел да пристигне во 2021 година, а официјалното деби може да се случи кон крајот на идната година.

Тоа покрена лавина шпекулации за неговите перформанси околу техничките решенија. Она што е засега сигурно и познато е тоа дека новиот RS ќе содржи погон на сите тркала, но тоа нема да биде ниту сличен систем на погон како досега. Според првите информации, Ford од компанијата GKN го презел решението за електрично движење на задната осовина. На кратко, новиот Ford Focus RS ќе биде хибрид чии задни тркала ќе се движат со електричен мотор, додека предните тркала ќе бидат движени од силен турбо-бензинец како и досега.

Ова необично решение би требало да обезбеди одлично забрзување, но и можност за прецизно и паметно распоредување на вртежниот момент независно по тркалата и во склад со ситуацијата на патиштата.

Актуелниот Focus RS располага со 350 КС, а наследникот со електро-мотор на задната осовина би можел да има и повеќе од 400 КС. Таа бројка се споменува и кога станува збор за главниот конкурент Volkswagen Golf R, само за пример, Mercedes-AMG A45 S има моќни 415 КС.

Останатите детали и попрецизни информации ќе бидат познати како што ќе се наближува датумот на премиерата на новиот Ford Focus RS. Во секој случај и без оглед на електрификацијата, сигурно е дека ќе остане еден од најбрзите и највозбудливите хотхеч автомобили.

Преземено од Avtoplus.mk