Новиот изглед на Barbie донесе неочекувана добивка за Mattel

23

Новиот и модернизиран изглед на култната Barbie на компанијата Mattel ѝ донесе “изненадувачки“ профит во последниот квартал од минатата година, пишува Reuters.

Продажбата на Barbie минатата година се зголеми за 12% и го достигна максимумот во изминатите пет години.

Mattel во текот на последното тримесечје од 2018 година прикажа нето добивка од 14,9 милиони долари, односно четири центи по акција, што е сосема спротивно од очекувањата на аналитичарите (загуба од 16 центи по акција).

Податоците говорат дека играчката Barbie Dreamhouse, што во САД се продава за 200 долари, се најде меѓу 10-те најпродавани играчки во Америка во 2018 година. Овие резултати се поради модернизирање на изгледот на Barbie.

“Barbie сега ја има секоја професија што едно девојче може да ја посака и тоа навистина помогна за подобрување на продажбата“, вели Џеки Брејер, уредник на магазинот Toy Book.