Новиот Porsche Targa 4S пристигна во салонот на Порше Македонија

57

4036a0bd-7e76-4869-9a5b-ba5d75aa77ab

Порше Македонија ја прошири својата понуда со врвниот модел од семејството Targa –  Porsche Targa 4S. Македонските вљубеници во врвните автомобили имаат единствена можност да уживаат во овој раскошен автомобил, кој во Европа дури наскоро ќе започне да се испорачува кон клиентите. Убавецот со својот беспрекорен дизајн и надмоќен изглед веднаш започна да го привлекува вниманието на посетителите во салоните на Порше Македонија.

Овој модел за прв пат го комбинира класичниот Targa концепт со врвната технологија за придвижување на покривот. Исто како и легендарниот оригинален Targa модел и новиот модел има карактеристичен широк Б -столб, подвижен покрив во делот над предните седишта и заоблен заден прозорец без Ц столб. Но, за разлика од класичниот модел, покривот кај новата Targa може да се отвори и да се затвори со едноставно притискање на едно копче.

7c490f4b-09a2-4d42-a651-45637a40129f

Со своите карактеристики, новиот модел 911 Targa се претставува како високо квалитетен иновативен римејк на класиката од 1965 година. Комбинацијата на широк заден дел, типичен за моделите со погон на сите тркала и Б столбот типичен за Targa моделите, му даваат на моделот исклучителен спортски изглед.

7809f47e-b3e7-45d0-bbb3-dcbc50589e3a

Врвниот модел е 911 Targa 4S, кој има 400 КС (294 kW) и мотор со работна зафатнина од 3,8 литри. Овој модел ја достигнува максималната брзина од 296 km/h, опремен е со Porsche двојна спојка (PDK) и спортски Chrono пакет, а забрзува од 0 до 100 km/h за 4,4 секунди. Потрошувачката на гориво варира помеѓу 10,0 и 9,2 литри на 100 km.