Ново поскапување на горивата

27

Цените на горивата оваа недела ќе бидат повисоки за разлика од претходната, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Бензинот Еуросупер БС – 98 ќе се продава за половина денар повеќе, по цена од 69,50 денари за литар.

Малку поголемо поскапување ќе има кај цените на бензинот Еуросупер БС – 95, на дизелот Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство и тоа за еден денар.

Со тоа цената на Еуросупер БС – 95 ќе изнесува 67,50 ден/лит, цената на дизелот Еуродизел ќе биде 62,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 52,50 ден/лит.

Цената на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,494 ден/кг и истиот ќе се продава по цена од 31,641 ден/кг.

Фото: Pexels