Новогодишна елка од “само“ 22 милиони долари

32

Хотелот Кемпински Бахиа во шпанскиот град Марбела доби новогодишна елка украсена со дијаманти, скапоцени камења и дизајниран накит, пишува CNN.

На елката има црвени, бели, розови и црни дијаманти во вредност од 15 милиони долари. Свое место на новогодишното дрво најдоа и дизајнирани парчиња накит од Bulgari, Cartier, Channel, како и 3D испечатени чоколади и шишенца парфеми.

Се проценува дека вкупната вредност на елката надминува 22 милиони долари.

Фото: Pixabay