Нуклеарките обезбедуваат една четвртина од струјата во ЕУ

23

Во текот на 2019 година, 13 земји членки на Европската унија имале вкупно 106 нуклеарни реактори, коишто произвеле 765.337 GWh струја или околу 26% од вкупното производство на електрична енергија во ЕУ, покажуваат податоците на Eurostat.

Најголем производител на нуклеарна енергија во ЕУ беше Франција со 52,1% од вкупното производство на струја од тој извор во ЕУ, по што следат: Германија (9,8%), Шведска (8,6%) и Шпанија (7,6%).

Овие четири земји заедно имаат повеќе од три четвртини од вкупната електрична енергија добиена од нуклеарни централи во ЕУ.

Во ЕУ има 14 земји членки што немаат производство на електрична енергија од нуклеарки: Данска, Естонија, Ирска, Грција, Хрватска, Италија, Кипар, Латвија, Литванија, Луксембург, Малта, Австрија, Полска и Португалија.

Фото: Pexels