Нуклеарна централа во Емиратите ќе произведува 85% чиста енергија до 2025 година

75

Корпорацијата за нуклеарна енергија во Емирати објави дека ќе произведува 85 отсто чиста електрична енергија во Абу Даби до 2025 година.

Нуклеарната централа Barakah има потенцијал да произведува еден милион тони водород годишно, изјави Мохамед Ибрахимал-Хамади, главен извршен директор на ENEC, пренесе Танјуг.

„Ова гориво со ниска содржина на јаглерод е од суштинско значење за транзицијата кон свет со нето нула емисија на CO2“, рече тој на конференција за енергија.

Електраната во Абу Даби, главниот град на Обединетите Арапски Емирати, е првата нуклеарна централа во арапскиот свет и е дел од напорите на таа земја-производителка на нафта од Персискиот залив да го диверзифицира својот енергетски микс.