
Nvidia ќе обезбеди околу 260.000 графички процесори за проекти на јужнокорејската влада и водечки компании, вклучувајќи ги Samsung, Hyundai и SK Group, објавија денес јужнокорејскиот претседател Ли Џе-мјунг и извршниот директор на Nvidia, Јенсен Хуанг, по состанокот на маргините на самитот на APEC во Гјонгџу.
Соработката на Nvidia со Samsung е дел од поширокото најавено партнерство помеѓу американската компанија и Јужна Кореја, кое ќе обезбеди околу 260.000 графички процесори за проекти на јужнокорејската влада, како и за производители на електроника и автомобили, вклучувајќи ги Hyundai и SK Group, објави AP.
Nvidia ќе обезбеди 50.000 графички процесори на Samsung за изградба на мегафабрика која ќе го оптимизира целиот процес на производство на полупроводници со помош на вештачка интелигенција.












