
„Нвидија“ се приближува кон историска проценка од 5 трилиони долари поради нов раст поттикнат од вештачката интелигенција.
„Нвидија“ со тоа станува првата компанија што ја достигнува таа „пресвртница“ благодарение на вештачката интелигенција, објавува „Ројтерс“.
Акциите на компанијата со седиште во Санта Клара, Калифорнија, скокнаа за 2,8 проценти во претпазарното тргување откако извршниот директор Јенсен Хуанг објави нарачки од 500 милијарди долари за чипови за вештачка интелигенција и планови за изградба на седум суперкомпјутери за американската влада.











